Еден од поголемите апологети на премиерот Заев кавадаречкиот политички аналитичар Ненад Јовановиќ се уште се надева дека неговиот херој ќе добие нобелова награда и во исто време упатува порака со навреда на хомосексуална основа на членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Сите зборуваат за чувства последно време. Имам и јас некои чувства, или може се работи за “силна интуиција”, не знам. Заев ќе го реши спорот со Бугарите, потоа ќе добие и Нобелова награда. За Преспа, за НАТО и за договорот со Бугарија. За еден живот и премногу.
Инаку има и други чувства, “ректумски чувства”, ама таквите се неважни во политиката. Дупечувствата (или ректумските чувства) им ги оставаме на Мицињата”.
Со оглед на тоа што Јовановиќ не е експерт за хемороиди ниту за дебело црево јасно е дека тој користејќи ги зборовите дупе и ректум, зборува со потсмев за хомосексуални чувства кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
“Мициња” е пежоративен термин за членовите и активистите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи Христијан Мицкоски од чие презиме е изваден зборот.
Нејасно е зошто Јовановиќ невнимателно шири говор на омраза на хомосексуална основа кон сите членови на опозицијата во период кога јавноста ионака е под сериозна тензија за изјавата на Заев за бугарската агенција БГНЕС.
Без разлика дали Јовановиќ се обидува да ја дефокусира јавноста и да го намали притисокот врз Заев или се работи за обичен нагон за навреди со елементи на говор на омраза тој ризикува да биде гонет за употреба на вокабулар сличен на неговиот идол кој во пресметката со Боки 13 за случајот Рекет го нарече “обичен педер”.






