Ќе биде формиран фонд од донации за бесплатни заштитни маски за граѓаните доколку победи на локлалните во штипм најави кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Сашко Николов.
Вонредните локални избори во Штип се закажани за 13 декември.
„Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за донации и од општествено одговорните компании да собираме средства за секој наш граѓанин да има маска. Со црвениот крст ќе ги најдеме постарите граѓани, да им помогнеме во остварувањето на секојдневните обврски“, рече актуелниот пратеник од владеачкото мнозинство.





