(…)
„Додека го гледав интервјуто на Заев за бугарската агенција не можев да се начудам како не проценивме со кого имаме работа.
На сите, дури и лути прашања од бугарскиот новинар, кој како секој нормален човек, иако како професионалец не би требало, толку отворено си ја бранеше својата земја, нашиот недоветен премиер се однесуваше толку површно и бесмислено, правејќи се дека тоа не го забележува кај новинарот, но сите оние работи за кој беше нападнат ги бранеше со таква леснотија.
Не, ние не сме непријатели,
не, ние сме браќа со бугарскиот народ,
ние имаме заедничка историја (што воопшто не е точно),
Југославија нè разделила,
не, какво малцинство, ние ќе се откажеме од малцинството, еве ќе подготвиме написмено, па ако треба тоа и во закон ќе влезе (која нормална земја ве молам се откажува од сопствениот народ),
не, ние еве веќе променивме 20 споменици????
Имате земји во кои имало диктатури, имало страшни случувања, но спомениците се чуваат, зошто, бидејќи тоа е историјата. А што е историјата, онаа која нè одредува.
Но, во целиот процес во кој ние не се повикуваме на историјата, туку сме повикани или да не речам присилени да ја менуваме за интересите на Бугарија, за тоа уште мора и да се правдаме.
Замислете, Бугарија нè тера да се извинуваме за нашиот однос кон историјата, затоа што неа историјата и смета и затоа што не може да се помири со сопствената историја. И што прават они? Цело време играат на картата, да нè обвинат нас за она што тие го бараат. И тоа им успева.
Зошто?
Па, затоа што имаме фантастична гарнитура на власт предводена од Зоран Заев, кој ако треба ќе ја жртвува и својата „политичка кариера“ (која што ја нема) за да нè одведе нас во иднината. А во тоа без ронка срам нè убедува и гарнитурата на власт. Да нè одвел во иднината.
Во која иднина? Во која црна иднина????
Да ја употребиме познатата поговорка – те молам немој да ме браниш!!!
Од колумната на новинарката Сунчица уневска за порталот „Култура“





