Премиерот Заев вчера одговори на навредите на бугарскиот вицепремиер Каракачанов кој рече дека “По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев”.
По изјавата на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кој отворено го навреди македонскиот премиер изјави дека не е Бугарин.
Но неговата реакција нема ниту збор за делот од изјавата на Каракачанов во кој се вели дека памет му доаѓа со еден ден задоцнување.
Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет.
Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.
Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) November 28, 2020
Јас работам на доближување на ставовите околу разликите, и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.
Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.
Доста беше омраза!
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) November 28, 2020






