На прашање дали има излез од ќор-сокакот, во време кога Германија би сакала да ги започне разговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, бугарскиот премиер Бојко Борисов за Франкфуртер алгемајне цајтунг вели дека проблем, меѓудругото, се и тврдењата за постоење македонско малцинство во Бугарија .



„Единствената земја што би сакала почеток на пристапни преговори со нашата соседна република дури и повеќе од Германија е Бугарија.

Но, за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводно македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? И бидејќи социјалистите во Бугарија гласаа за резолуцијата во Европскиот парламент, тие очигледно исто така веруваат дека такво малцинство живее со нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на с. Македонија, сега одиме кон една сосема поинаква дебата. Морам да кажам дека навистина сум загрижен за овие случувања“, вели Борисов.