Министерството за надворешни работи на Србија денеска објави дека го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.
„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.
Претходно, црногорското Министерство за надворешни работи го прогласи српскиот амбасадор за непожелен и го замоли да ја напушти земјата.






