Градоначалникот Илија Јованоски, кој и самиот работи во Ковид -центарот во Прилепската болница, вчера побара Владата да донесе дополнителни рестриктивни мерки за градот, поради големиот број новозаразени и хоспитализирани пациенти.



Mинистерот Венко Филипче, по денешната средба со др Јовановски рече дека дека нема потреба од нови мерки во Прилеп како и во целата земја, бидејќи вака како што се димензионирани мерките даваат резултат.

„Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа заеднички заклучивме дека нема потреба за дополнителна рестрикција, бидејќи не би имала некаков позначаен ефект од тоа што го даваат мерките кои се сега на сила“, рече Филипче пренесе СДК.