Владата на Република Северна Македонија категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи, а целосна манипулација е информацијата дека “следува потпишување анекс на договорот”, како што објави порталот Инфомакс.мк вечерва.
Владата ги демантира информациите на порталите Инфомакс пренесени од Курир, Република, Експрес, Весник, Нетпрес и Лидер, при што ги отфрла како полни со невистини и дезинформации.
За да се види во каков креативен хаос е пишувам демантот на владата треба да се прочита внимателно целиот демант објавен на Твитер на кој има коментари кои се посластица за луѓе кои разбираат политика и живот.
За манипулативната намера на овие текстови говори и фактот што некои од позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година. 3/3
— Влада на Р. Северна Македонија (@VladaMK) November 27, 2020
Додека од една страна владата го демантира текстот на Инфомакс и го означува како шпекулација од друга страна признава дека “некои од позициите изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година”.
Со тоа пракрично владата го демантира и Договорот со Бугарија затоа што на почетокот на реакцијата се вели дека се демантираат сите информациите во текстот кој го пренесоа повеќе медиуми.
На сличен начин пред околу еден месец Владата категорично демантираше дека од Софија се бара да се потпише анекс на Договорот од 2017 за потоа Заев да признае дека има таков договор за анекс и дека тој ќе влезе и во службен весник.
Текстот кој го демантира владата






