Прашањето за јазикот и идентитетот е резултат на историски процес и за тоа не можеме ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите се уште траат, рече вицепремиерот за европски прашања. Македонија Никола Димитров во интервју за Н1, пренесе МИА.
„Немаме намера да кренеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да биде допрен нашиот македонски идентитет. Овие два услова се надополнуваат и ние ќе продолжиме да работиме на овој пат“, рече Димитров.
Прашањето за јазикот и идентитетот е во срцето на внатрешните работи, на суверенитетот на една држава. Ова е израз на правото на самоопределување и во оваа смисла ниту еден сосед, ниту една земја нема никакво право врз основа на меѓународното право, како и европското право, да ни каже нешто за јазикот, рече Димитров.
Димитров вели дека јазикот и историјата не беа проблем за Бугарија Македонија да биде членка на НАТО, а сега е проблем да биде членка на ЕУ.





