Бугарија ќе се согласи да започнат преговорите со Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти а процесот на искоренување на говорот на омраза ќе стане одржлив и неповратен, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.



Радев клритикуваше дека бугарската влада со години давала дарежливи ветувања за безусловна поддршка на Македонија.

„Го гледаме резултатот денес, премногу доцна владата се сети дека мора да го заштити националниот интерес“, рече претседателот.

Според него, би било голема грешка ако премиерите Борисов и Заев играат „некаков театар“ за пред публика и да потпишат декларација за желби, како што е договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за изведба.

Ние мора да се вооружиме со трпеливост за отворен, мирен разговор, за да можеме јасно да ги видиме позициите на обете страни и да не нè искушуваат брзите одлуки со имитација на триумф.