Мора да се сфати сериозно денешното сведочење на Зоран Заев, бидејќи тоа го говори човек кој има пристап до сите безбедносни информации во државата, смета адвокатот Еленко Миланов.



Тој смета дека обвинението за „организаторите за настаните од 27 април“ Трајко Вељановски, Миле јанакиевски и Спиро Ристовски кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, треба да се повлече.

„Не може човек што ги има сите релевантни информации да каже дека Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори на собраниските настани и тоа да не биде земено предвид“, рече адвокатот на одбраната. МКД