Безочна манипулација е изјавата на радмила Шекеринска со која го брани неодбраливото односно дека фашизмот немал етничка боја, коментира поранешната пратеничка и советничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска.



„Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато“ изјави Шекеринска..

Куновска ја потсетува и вели: Германија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.

„Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него, сподели Куновска на Фејсбук.