Премиерот Зоран Заев вчера во интервјуто за бугарската БГНЕС најави, а денеска повтори дека 20 споменици на чии натписи се споменува бугарски фашистички окупатор се веќе променети, а останатите допрва ќе се менуваат – со исфрлање на зборот „бугарски“ пред фашистички окупатор.
ТВ 24 се обиде да открие каде се тие 20 спомен обележја и на кои локации се наоѓаат, но како што известува, за тоа никој не знае.
„Од Владата денеска за овие прашања не упатија до Министерстовото за култура. Оттаму пак велат дека за спомен обележјата се надлежни општините. Неколку градоначалници со кои контактиравме денеска, рекоа дека во нивните општини ниту имат променето споменици, ниту пак досега добиле некаков допис тоа да го прават. Кои се променетите споменици не знаеше ниту министерката за култура Ирена Стефоска“ јавува ТВ24.








