Претседателот на македонскиот тим во заедничката Комисијата за историски прашања со Бугарија нема дилеми околу тоа во какво својство била бугарската војска во Македонија за време на Втората светска војна.



„Ако мислите на присуството на бугарската војска овде, тогаш тоа е јасно дефинирано, не само во нашата историографија, туку и во европската како – окупација“ вели Драги Ѓоргиев за ТВ24.

Тој објаснува дека тоа е формално правно окупација и тоа не може поинаку да се дефинира, ставот на македонскиот дел од Комисијата е едногласен.

https://youtu.be/gQsBG5Ki5V4