Познатиот пејач Роби Вилијамс (43) тврди дека се смирил откако основал свое семејство. Тој седум години е во брак со актерката Aјда Филд (37), со која имаат две деца, ќерката Теодора Роуз (4) и синот Чарлтон Валентино (2). Семејниот живот, признава Робу го променил пејачот неверојатно.



„Интересно е каков вид на човек сум да станал, бидејќи имам само една жена. Нема повеќе секс со странци. И што да правам? Јадам слатки“ се пошегува Британецот кој вели дека играта под чаршафи со непознати дами ја заменил со големи количини на јаглехидрати.


Пејачот никогаш не ги криеше проблемите со коцкањето, дрогата и алкохолот, како и ненаситното либидо. Во деведесеттите Роби Вилијамс претеруваше со дрогата и алкохол, и самиот мислеше дека нема да преживее.

Тој призна дека бил надуван со марихуана во Бакингамската палата во 2012. година на прославата на деведесетиот роденден на кралицата Елизабета Втора. Роби Вилијамс денеска пуши марихуана во мали количини и рекреативно.

„Денеска сум среќен што сум здрав за мојата сопруга и децата“ рече пејачот.