Артан Груби, првиот вицепремиер на македонската влада и министер за политички систем користи само албански јазик на официјалната интернет-страница на министерството што го раководи.



Сите информации поврзани со активностите на Груби на интернет-страницата се објавуваат само на албански јазик.

Порталот МКД објавува уште еден детаљ од комуникацијата на кабинетот на Груби. Официјалните известувања за Министерството за политички систем медиумите ги добиваат од мејл-адреса – First Deputy PM, или, во превод, „прв заменик премиер“ иако неговата официјална титула е заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

На интернет-страницата на Министерството за политички систем на македонски јазик е само логото од Министерството.