Автомобил удри во портата на седиштето на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.



Веста за инцидентот ја пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на сведоци.

Денес, Меркел треба да одржи состанок со лидерите на кој ќе одлучи за продолжување на мерките против ширење на коронавирусот.

На Твитер се појавија фотографии од црно возило со натписи „Вие, проклети убијци на деца и стари лица“ , објави лондонски „Телеграф“.

Нема видливи знаци на оштетување на портата и возилото.