Во една ЕУ членка, просечната пензија е малку над 200 евра

Од 1 јануари, минималната пензија по основ на стаж и старост во Бугарије ќе се зголеми на 300 лева (150 евра). Предлогот за зголемување од 50 лева беше поддржан од 141 пратеник во бугарското собрание, јави БГНЕС.



До март 2021 година ќе продолжи исплатата на дополнителни износи на пензиите на над 2 милиони пензионери во износ од 50 лева месечно. Мерката на владата е со цел да и се помогне на најранливата група за време на корона-кризата.

Просечната пензијата во 2021 година се предвидува да достигне 488,97 лева (245 евра), што е зголемување за речиси 77 лева или 18,6 % во однос на сегашната.