„Бидејќи очигледно се водат тајни разговори со Бугарија, без детали за новиот договор кој се нуди, го прашуваме Зоран Заев во кој дел од програмата на СДСМ пред изборите вети нов договор со Бугарија и кога престана неговото тврдење дека претходно постигнатиот договор е најдобар што можел да се постигне опишувајќи го тоа како огромен успех.“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата доаѓа по вчерашното гостување на ТВ21 на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој рече дека двете земји размениле понуди и документи.
„Од кого тоа доби дозвола да преговара и води тајни разговори и дали не се во игра и приватни бизнис интереси на Заев врзани со една банка, и други два вносни бизниси? Дали Заев нуди промена на Уставот?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.






