Генералната Агенција за администрација (ГСА) го извести новоизбраниот претседател Џо Бајден дека администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да го започне процесот на формална транзиција, се вели во писмото од шефицата на ГСА, Емили Марфи, испратено до Си-Ен-Ен.



Писмото на ГСА е првиот чекор што администрацијата го презеде за да го признае поразот на претседателот Доналд Трамп, повеќе од две недели откако Бајден беше прогласен за победник на изборите и започна исчекувањето на транзицијата.

Веста доаѓа откако сојузната држава Мичиген вчера официјално ги потврди изборните резултати, а Џорџија тоа го стори во петокот. Пенсилванија е исто така при крај со проверката на изборните резултати.

Барањата од кампањата на Трамп за одложување на признавањето на изборите беа одбиени во неколку држави, бидејќи неговиот правен тим не обезбеди докази за широко распространети изборни нерегуларности.

Тимот на Бајден го поздрави почетокот на процесот на транзиција, а новоизбраниот демократски претседател се подготвува да положи заклетва на 20 јануари.