Доматите се рајско задоволство за време на топлите денови. Затоа, ќе ве научиме како да подготвите едно интересно јадење, во кое што можете да уживате заедно со вашите најдраги.
Состојки:
-8 домати со средна големина
-1 краставица
-250 г. јогурт
-12 црни маслинки, без семки
-2 чешниња лук
-2 лажици маслиново масло
-1 лажица бел, вински оцет
-2 гранчиња нане
сол, бибер

Подготовка:
Измијте ја и излупете ја краставицата, исечете ја на ситни коцки, испасирајте ја, посолете и допуштете да отстои 30 минути.
Измијте го доматот, отсечете го горниот дел и внимателно извадете ја внатрешноста. Издлабениот плод, посолете го од внатрешната страна и превртете го од другата страна да се исцеди.
Во чинија помешајте ги јогуртот, сецканиот лук, маслиновото масло и оцетот. Посолете и умерено побиберете. Додадете го сецканото нане (оставете неколку ливчиња за декорација).
Потоа, додадете ја краставицата во јогуртот. Додадете маслинки и добро промешајте.
Подготвената смеса наполнете ја со домат, украсете со нане и послужете ја храната, студена.





