Силјановска: Македонија ќе влезе во ЕУ за време на претседателството на Турција

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова со ироничен статус на Фејсбук го коментира актуелниот миг од рашомонијадата околу македонската евроинтеграција.



„Од сигурни извори дознавам дека:

Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ за време на претседателството на Црна Гора. Македонија ќе стане членка на ЕУ за време на претседателството на Турција.

Јас сметам дека Македонија ‘мора’ да ги почне преговорите за време на германското претседателство, не затоа што премиерот Заев и заевистите: интелектуалци, политички аналитичари и новинари, минатиот октомври ‘нè убедија’ дека сме добиле писмени гаранции за почеток на преговорите годинава, туку, затоа што европскиот вредносен систем и образот на г-ѓа Меркел се во прашање! Quo vadis EU?“, објави Силјановска.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/posts/1292010564490149