Херојот на историскиот пласман на Македонија на Европското првенство во фудбал, Горан Пандев, во интервју за Ал Џезира се произнесе за своите очекувања од македонското деби на големите натпреварувања.
„Во нашата група се во предност Холандија, Украина и Австрија. Кога играш растоварено и немаш што да изгубиш, можеш да направиш многу повеќе. Се надеваме дека ќе земеме некој бод и ќе заземеме што подобра позиција во групата Ц“, изјави стрелецот на голот против Грузија во Тбилиси вреден пласман на ЕП, кој го означи како најмил во неговата кариера.
„Тоа ми е најмилиот гол, а уште помило ми е што конечно се пласиравме на големо натпреварување. Во овие 20 години во репрезентацијата се случуваа лоши моменти и проблеми. Еднаш и престанав да играм за Македонија. Кога Ангеловски стана селектор, дојде кај мене во Џенова. Разговаравме и ми го кажа мислењето за репрезентацијата, во која се вратив“, додава 37-годишниот најдобра стрелец во историјата на македонскиот национален тим со 36 гола.






