Овој колач ни го правеле нашите баби, а ние ви го пренесуваме рецептот стар повеќе од 60 години.
Состојки:
-1/4 кг. брашно
-150 гр. путер
-150 гр. шеќер
-4 јајца
-5 лажици млеко
-50 гр. мелени ореви
-прашок за пециво
-1/2 кг. црешни или вишни

Подготовка:
Изматете ги пенасто путерот, шеќерот и жолчките, па постепено додавајте го брашното ( помешано со прашок за пециво), млекото, мелените ореви и снегот од белки.
Подмачкате ја тепесијата, па посејте брашно и потоа додадете ја смесата врз која се редат вишните исчистени од семки.
Печете во топла рерна околу 40 минути.





