Заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, вели дека нема да се толерира инцидентот со палењето на бугарското zнаме.
„Тие луѓе кои ја запалија бугарската тробојка, веројатно го прават тоа, затоа што Бугарија рече „не“ за пристапувањето на с.Македонија во ЕУ во оваа фаза. Ова однесување нема да се толерира “, коментира Георгиев за „Bulgaria On Air.
Тој потсети дека Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и нема да се согласи која било држава во претпристапниот процес да ѝ дели лекции на Софија.
Топј вели дека ова што сега се случува е лекција низ која сега ќе помине Македонија.
„Би било многу жално ако не го завршат патот што по кои сами тргнаа. Ќе имаат многу важни фази во процесот на пристапување.
Но, ако не ги почитуваат партнерите и земјите што најсилно им подадоа рака, тогаш тешкотиите ќе се множат”, вели заменик министерот за надворешни Георгиев.






