Ако сте љубител на грчката кујна, сигурно нема да пропуштите да го пробате овој специјалитет во сопствената кујна.



Состојки

-300 гр. месо по ваш избор
-сок од еден лимон
-1 лажица сушено нане
-1 лажица оригано
-3 лажици маслиново масло
-2 чешниња лук
-сол и црн пипер
-зазики сос

Состојки за пита леб

-200 г. брашно
-100г. интегрално брашно
-2 чаши вода
-1 лажичка сол
-3 лажички маслиново масло

Подготовка:

Месото исечете го на мали парчиња, ставете ги во сад и подгответе маринада. Маслиновото масло помешајте го со лимонов сок, додадете сушено нане, оригано, сол, мелен бибер и згмечен лук. Прелејте го месото со маринада и оставете го во ладилник да отстои неколку часа.

Во сад за правење пита помешајте го брашното и солта, па додадете вода и масло. Тестото добро измесете го и оставете го да отстои најмалку половина час. Поделете го на 10 топчиња и развијте тесто со големина на тавче. Премачкајте го со малку маслиново масло и печете на загреано тефлонско тавче од двете страни додека не зарумени.