Идеален десерт за летниот период кои ќе се подготвува брзо , ќе ве освежи и не се пече.



Потребни состојки:

-50мл сок од јагоди
-80гр малини
-80гр боровинки
-6 лажици слатка павлака
-250гр маскарпоне
-150гр крем сирење
-2 лажици шеќер во прав
-1/2 лажиче рендана кора од лимон
-6 бисквити
-околу 50мл кафе
-За посипување- рендано чоколадо

Подготовка:

Подгответе десертни чаши.Овошјето измијте го и оставете да се исцеди, во меѓувреме сварете го кафето. Во подлабок сад ставете го маскарпонето, крем сирењето, слатката павлака,шеќерот и кората од лимон. Кратко изматете со миксер за да се спојат сите состојки.

Во друг сад ставете го сокот од јагоди и кафето. Натопете ги бисквитите со оваа мешавина и распоредете ги во чашите. Врз нив ставете од мешавината овошје и одозгора ставете од кремот со маскарпоне.

Да одстојат фрижидер 1-2 часа. Пред послужување одозгора нанесете го ренданото чоколадо.