Побарај остака од Премиерот, Министерот за здравство како и МВР бидејки не превзеле чекори и конкретни мерки кои ќе дадат резултат за да не дојде до кризна состојба, под итно одложете изборите у Штип, сугерира Горан Трајчев, твитерџија, на објавата на новиот национален координатор за борба против Ковид19.
Предходно шефот на главното тело за надминување на хаосот Стојанче Ангелов директно им се обрати на “Почитуваните твитерџии!”.
“Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Добродојдени се сите ваши конструктивни идеи, совети, забелешки и критики.
Инбокс или пинг”.
Извесно е дека советот од Трајчев нема да биде прифатен од Ангелов.
Другите сугестии во твитот:
Почитувани твитерџии!
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.
Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.
Добродојдени се сите ваши конструктивни идеи, совети, забелешки и критики.
Инбокс или пинг.— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) November 21, 2020





