Владата на Србија се очекува во текот на денот да воведе нови рестриктивни мерки за справување со пандемијата на коронавирус
Кризниот штаб на владата ѝ предложил да се скрати работното време до 17 часот, со забрана за собирање и задолжително носење маски секаде каде што постои можност за контакт.
„По 17 часот да работат само продавници за храна, аптеки и бензински пумпи“, соопшти имунологот Срѓа Јанковиќ за РТС.
Епидемиологот Предраг Кон изјави дека Кризниот штаб предлага училиштата, особено средните школи да поминат на онлајн настава.





