Оставка на медицинска сестра дури и кога е таа главна освен ако не е поврзано со Ковид19 вообичаено не е тема за која пишуваат медиумите но во новиот скандалозен случај од градот под Пелистер не е така.
Освен медиумите за оставката на медицинската сестра лично бил започнат и министерот Филипче и тоа во моменти кога здравството е во хаос а десетици луѓе умираат секој ден од Ковид19.
Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесла неотповиклива оставка, пренесува битолскиот портал шеталиште.мк.
За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче. Засега не се познати причините за оставката на Бајовска, пишува порталот.
Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години пренесува и Нова Македонија.
Она што не го објавуваат двата медиуми е дека, поврзано со Бајовска, СВР Битола започнал случај во кој се истражуваат индиции за трошење на огромни пари за ресторански услуги од службена картичка на здравствена установа.
Неофицијални извори во битолската полиција тврдат дека се истражува и незаконски даден заем од пари на Битолската болница на спортски клуб во висина од 10 илјади евра.





