Заев најде начин да ги усреќи граѓаните, ќе дозволи да се дрогираат легално

Претседателот на владата Зоран Заев објави дека во новиот економски пакет кој ќе содржи и слободна продажба на марихуаната во туристичките места.



Во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“ Заев вели дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

Премиерот вели дека секој ќе може да се занимава со овој бизнис затоа што правилата ќе бидат исти за сите.

„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места”, вели Заев среде најголемата светска криза кога дневно умираат десетици луѓе, туризмот е во катастрофална ситуација а на земјата и се заканува целосен карантин.

Со оваа мерка Заев ќе им помогне на концесионерите односно сопствениците на плантажите со марихуана кои имаат проблем со пласман на оваа лесна дрога на пазарот.

Според повеќе медиумски извештаи голем дел од бизнисот со марихуана во земјава го имаат луѓе блиски или поврзано со семејството Заеви.

Марихуаната според Светската здравствена организација е дрога а има низа негативни последици по човековото здравје.