Aлбанскиот историчар Јусуф Буџови тврди дека династијата Немањиќ има илирско потекло, а дека српската нација настанала во 19 век.
„Српската нација е формирана во 19 век, откако го формираа јазикот. Србите немаат историја“, рекол Буџови во емисијата „Пресинг“ на приштинската телевизија Т7, пренесуваат српски медиуми.
За династијата Немањиќ која владеела со Дарданија за време на средниот век, во периодот од 1166 до 1371 година, Буџови тврди дека биле „ христијанско-дарданско племе со илирско потекло“.
Буџови рече дека дошло време да се спротивстави на големата српска пропагандна идеологија.
Тој исто така истакна дека Србите се исплашени затоа што неговата книга „Косово“ е преведена на англиски јазик.






