Eкс-министерот за финансии во првата влада на Заев, Драган Тевдовски, кој сега е советник на извршниот директор во ММФ во Вашингтон, денеска учествуваше на онлајн средбата на премиерот Зоран Заев со шефицата на мисијата на ММФ за Макдонија, Берглјот Бјорнсон Баркбу.



Состанокот, како што велат од Владата, имаше за цел информирање за економските изгледи, фискалната и монетарната политика како и финансиската стабилност во земјава.

Реализацијата и вложувањата во капиталните инвестиции во следниот период можат да помогнат за зголемување на потенцијалот за раст на економијата, посочиле претставници на ММФ на денешната онлајн-средба со премиерот Зоран Заев.