Во текст со наслов “Единствената историска вистина” тиражниот германски весник Франкфуртер Алгемајне цајтунг го анализира ветото за Македонија во ЕУ од страна на Бугарија.
Според авторот на текстот новинарот Михаел Мартенс однесувањето на Софија и воведувањето на новите правила кои таа ги користи од страна на други земји членки, може целосно да го блокира процесот на проширување.
“Бугарија воведе нов критериум за пристапување кон ЕУ: Присилување на кандидатите да прифатат историски, јазични и идентитетски прашања. Ако тоа влезе во учебниците на ЕУ (ако стане правило за сите) можете веднаш да го запрете проширувањето на ЕУ. Преглед на потенцијална фиеста за вето на Балканот”, пишува во најавата на анализата на весникот кој има влијание и во Берлин но и во Брисел.
Вест на денот
Македонка од Австралија откри “дупка” во Договорот со Бугарија





