Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека јазикот на омраза во Македонија кон Бугарија 30 години бил „стимулиран на државно ниво“.
„Кога водите таква политика, не можете да бидете подготвени да започнете преговори за ЕУ“, изјави шефицата на бугарската дипломатија, пренесува БГНЕС.
Според неа говорот на омраза не се појавил во последните месеци бидејќи антибугарската кампања не запрела.
„Секогаш се влошува пред важните моменти. Така беше и пред потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство “, вели Захариева.
„Ако сакаат да влезат во ЕУ, мора да се придржуваат до европските вредности. Не мислам дека е добро за граѓаните на таа земја да бидат воспитани во омраза “, вели министерката.





