Претседателот на Надзорниот одбор на државната новинска агенција МИА кој ги прогласи актуелната бугарска и поранешната грчка шефица на дипломатија за фригидни жени што свршуваат на Македонија одбива да го повлече твитот со кој ја стави Владата во сериозни проблеми.
Захариева е најблиска соработничка на Борисов а Бакојани е сестра на грчкиот премиер Мицотакис.
Зоран Иванов во пораката од нејасни причини се споредува со легендарниот македонски револуционер Петар Чаулев.
“И Петар Чаулев за Мајскиот манифест рекол:
“Не лижам тоа што сум го плукнал”. Тој не бил ниту Тодор Александров ниту Александар Протогеров, Чаулев бил Македонец” па ‘24-та Александров во Милано го ликвидирал”, пишува Иванов на барањата да го повлече твитот.
Кој го барал тоа од него освен дел од јавноста Иванов не открива.
Ако Заев не го смени Иванов за сексуалниот напад, Атина и Софија ќе имаат право на одговор






