Грозданов: Претседателски погребен марш и здружениот злосторнички чин

Медиумскиот експерт Виктор Грозданов во својата најнова колумна се осврнува на група јавни личности, меѓу кои е и претседателот Пендаровски кои според него врз нашата држава извршиле “Здружен Злосторнички Оикофобски Чин”.



“Море мајката види ги патриотиве. Овие истиве што не’ убедуваа дека треба Бугарите да се сладат со изметот од пчелите, а ние Македонците од Пчеларот и да велиме: Што е убаво и слатко, мммммм!!!!!!

Впрочем овие двајца се дел од едно поголемо друштво што има извршено врз нашата држава Здружен Злосторнички Оикофобски Чин. Да, да.

За жал голема, дел од ова друштво е и лично и персонално некогашниот Стево т.н. Претседател на Македонија.

Дел од текстот подоле ќе биде во изворна форма, не затоа што ме мрзи, туку затоа што несакам. И тоа од инает на тоа како се однесува целата наша држава кон македонскиот јазик”, пишува Грозданов во колумната за Нетпрес со наслов “Претседателскиот погребен марш”.

ЛИНК ДО КОЛУМНАТА