Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, по вчерашната блокада од Софија, одново го поставува прашањето за целисходноста на Преспанскиот договор за кој вели дека без никакви гаранции дека ќе влеземе во ЕУ, што е тотално фијаско на македонската дипломатија, со уцена и притисок на пратеници, се направи катастрофална грешка и се отвори Пандорината кутија.
„Грците и понатаму нѐ нарекуваат Скопје, а овде се брусат шахти, се преименуваат институции и папагалски се повторува новото име. Сега станавме Северномакедонци и јазикот ни стана северномакедонски, а во ЕУ не влегуваме. Бугарија, нормално, си чекаше зад аголот. Нејзиниот став отсекогаш беше ист и не е изненадување, на тоа укажувавме цело време, иако попусто.



Сега кој ќе сноси одговорност за овој страшен пораз?

Дали Уставниот суд ќе најде сили да ја поништи одлуката за промена на името? Има ли шанси Македонија воопшто“?- прашува проф. Груевска-Маџоска.