Бугарскиот парламент го отфрли барањето на социјалистите (БСП) премиерот за Бојко Борисов да биде сослушан од пратениците за развојот на односите меѓу Бугарија и Македонија откако Софија вчера официјално го блокираше почетокот на разговорите на Скопје со ЕУ.



Од владејачката партија на премиерот (ГЕРБ) сметаат дека зове доволно да информираат вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

„Двајцата ресорни вицепремиери систематски учествуваат во досегашните преговори и може да дадат најточни информации“, сметаат од партијата.

Екатерина Захариева е министер за надворешни работи, а Красимир Каракачанов, учествуваше во сите разговори, во петокот во парламент објави дека Софија нема да го поддржи почетокот на разговорите меѓу Скопје и ЕУ.

Двајцата вицепремиери попладнево ќе го информираат парламентот.