Сакаа да го бркаат од МТВ за коментарот со Грузија, ФФМ му дарува дрес

Коментаторот на мечот Македонија – Грузија по која фудбалската репрезентација се пласираше на ЕП 2021 добива дрес од фудбалската репрезентација на Македонија.



На дресот кој го добива во знак на благодарност за поддршката на спортските новинари од репрезентацијата стои неговото презиме.

Новинарот на МТВ Тони Стојановски за својот емотивен коментар на мечот со Грција беше координирано нападнат од провладините ботови и новинари и за него се бара казна за која се уште постои можност да биде спроведена.

За Фудбалската федерација на Македонија Стојановски е почитуван новинар кој професионално си ја врши својата работа и му помага на својот национален тим поради што и тој го добива подарокот од ФФМ.

Дресот на репрезентацијата Стојановски го добива заедно со неколку други новинари кои го следат државниот тим.

Поврзана вест

Кој е новинарот што на нозе ја крена македонската јавност?

Последна вест

Гага ручек или Македонија на колена

Тортевски: Не ми е што ќе падне Заев… (ТВИТ НА ДЕНОТ)