Во Србија се регистрирани 4.994 нови случаи на коронавирус, јавуваат белградски медиуми.
Во моментов има 179 пациенти на апарати за дишење.
Од првиот случај во Србија, кој беше регистриран на 6 март, регистрирани се вкупно 92.375 случаи, а 1.054 лица починаа како резултат на пандемијата.
Екипите на Брза помош од Белград синоќа имаа двојно поголем обем на работа поради зголемениот број на лица заразени со коронавирус.





