Најновиот дипломатски бисер што доаѓа од Софија е дека македонската држава не е резултат на вековната борба за самобитност и државен суверенитет како што е тоа случај со сите други народи и држави туку од инает кон Бугарија и бугарската нација.
Ова во својата најнова контроверзна изјава го посочува вицепремиерката и министерка за надворешни работи Захариева.
“Тогаш кога ќе стивнат страстите, вклучително и во Бугарија и се започне да се мисли не толку емоционално, кога ќе запрат да се придржуваат кон изградба на државата, основана единствено и само на антибугарска идеологија – тогаш ќе добијат многу повеќе”, коментира Захариева и потенцира дека од вистината не можеш да загубиш.
Бугарија денеска официјално ќе ја блокира Македонија на патот кон ЕУ.






