На најцрниот ден од почетокот на корона кризата кога во Македонија има рекордни 40 починати граѓани од Ковид-19 премиерот Заев за десетина часа објави 25 твитови и ретвитови на социјалната мрежа Твитер.
Речиси сите се поврзани со наградата која му ја доделува партиската фондација на германските сестрински социјалдемократи.
Откако јавноста дозна дека денеска во Македонија од Ковид19 починале најголем број луѓе од почетокот на кризата тој објавува 8 твитови.
Во ниту еден од нив не изразува сочувство за починатите рекордни 40 жртви на ковид-19.
Иако Заев знаеше дека денешната посета на Берлин нема да донесе никаква промена во процесот на евроинтеграција ниту може да има промена на исходот од утрешниот состанок во Брисел поради бугарското вето тој сепак замина во Германија.
Ниту огромниот број починати во земјава деновиве ниту катастрофалниот развој на настаните во евроинтеграциите не го спречи Заев денеска да позира во Берлин и да испраќа пораки дека неговата лична награда од идеолошки блиската фондација е голем успех и чест за Македонија и нејзините граѓани.
За однесувањето на Заев и владата најдобар коментар вечерва даде Арсим Зеколи.
Сите денешни 25 твитови и ретвитови на Заев меѓу кои нема ниту еден израз на сочувство на следниот линк:
https://twitter.com/Zoran_Zaev?s=09
Работниот ден во Берлин го завршувам со мојот драг пријател Јосип Јуратовиќ, пратеник во германскиот Бундестаг. Разговараме за нашите одлични државни односи и модели како да ја продлабочиме соработката! 🇲🇰🇩🇪 pic.twitter.com/wCxkbBvkQF
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) November 16, 2020





