Со глоба од 4000 до 5000 евра може да биде казнета институција која што нема да го спроведува законот за јазиците познат како закон за албанскиот јазик, се предвидува во предлог текстот кој допрва треба да биде усвоен од Собранието.
За одговорното лице во институциите казната ќе биде 30 % од сумата за органите или меѓу 1200 и 1500 евра доколку не обезбеди соодветна примена на албанскиот јазик во админстрацијата.
Практично, доколку во органите на локалната самоуправа или подрачите единици на министерствата во Струмица на пример каде што нема ни половина процент албанско население не биде обезбеден преведувач и документација на албански јазик и органот и лицето одговорно за спроведување на јазикот ќе бидат казнети со казни 70 до 90 илјади денари.





