И да има придвижување на релација Скопје – Софија, усвојувањето на преговарачката рамка за преговори меѓу Македонија и ЕУ е невозможно поради форматот на министерскиот состанок, јави дописничката на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Брисел.



Советот за општи работи на ЕУ ќе се одржи како видео-конференција поради вториот бран на ковид пандемијата, и, како што објаснуваат дипломати од ЕУ, правилникот за ваков формат на средби не дозволува носење одлуки како таа за преговарачката рамка со Македонија.

„И да имаме бугарска согласност, ние на состанокот единствено што можеме е да се сложиме околу текстот на преговарачката рамка, но не можеме да го усвоиме преку видео-конференција“, изјавил ЕУ дипломат за новинарите во Брисел.