Јотова: Бугарија мора да остане цврста кон Македонија

„Не може да има компромис со нашата историја, особено кога има претензии или потенцијални претензии за иднината “, вели потпретседателката на Бугарија Илиана Јотова во коментир околу позициите на Бугарија во одност на Македонија.



Јотова вели дека е загрижена:

„Пред само една година, мислев дека сите клаузули запишани во Договорот за добрососедство ќе станат дел од европската рамка кога ќе започнат преговорите со Македонија. Имавме гаранции од разни форуми, не само на Советот на министри за надворешни работи, од Советот за општи работи “, нагласи Јотова.

Договорот за добрососедство „од самиот почеток мораше да биде придружуван од анекс што категорично зборува за нашето историско минато “ вели потпретседателката според која во таков случај и прашањата што се појавуваат денес немаша да постојат.

Во овој контекст Јотова го спомнува македонското малцинство.

„Бугарија е под мониторинг на Советот на Европа во врска со претензијата на една организација за македонското малцинство. И покрај напорите на многу земји, овој текст и мониторинг остануваат. Задачата на бугарските пратеници е овој мониторинг да падне час поскоро.. Барем, затоа што е правно неоснован. Бугарскиот устав не признава малцинства.

Јотова вели дека тоа дефинитивно треба да биде напишано во рамката за преговори со Македонија, за да нема идни можни територијални претензии, за малцинствата, за јазикот.