За прв пат, американскиот претседател Доналд Трамп јавно призна дека неговиот противкандидат Џо Бајден победи на изборите.
Тој ги повтори своите тврдења дека изборите биле наместени.
„Тој победи затоа што изборите беа наместени. Не беа дозволени набљудувачи, гласовите ги броеше софтвер на радикалната лева приватна компанија Доминион, која има лоша репутација и лоша опрема и не може да се квалификува ни за Тексас (што јас го освоив убедливо!), Тој победи заради лажни медиумите и медиумите кои молчеа “, објави Трамп на Твитер.
Набрзо се премисли па одново твитна:

„Тој победи само во очите на медиумите кои ширеа лажни вести. Не признавам ништо! Ни претстои долг пат. Ова беа лажни избори”, напиша тој.
Медиумите ја прогласија победата на Бајден на 7 ноември, но Трамп оттогаш одби да го признае поразот.
Бајден доби 306 гласачи, далеку над 270-те потребни.




