Во последните 24 часа се направени 2.655 тестирања, а регистрирани се 990 нови случаи на ковид-19 објави на фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче.
Починале 24 лица: Седум пациенти од Скопје (58, 80, 86, 63, 50, 61 и 45г), еден од Штип (64г), еден од Прилеп (57г), еден од Тетово (61г), двајца пациенти од Битола (66 и 73г), три од Кавадарци (83, 78 и 69г), еден од Гостивар (46г), три пациенти од Струмица (78, 68 и 59г), еден од Берово (41г), еден од Делчево (83г) и три пациенти од Кичево (44, 58 и 63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 382 оздравени.






