Бугарски новинар е одушевен од однесувањето политичката елита во Софија во однос на цврстиот став што здружено го демонстрираaт бугарските политичари од власта и од опозицијата кон Македонија.
„Бугарската политичка класа обично не покажува голема желба цврсто да се спротивстави на странскиот притисок. И ова е постојан тренд во последните 100-150 години. Со многу малку исклучоци, нашите политичари ги исполнуваат желбите на таа држава, која во соодветниот историски момент игра улога на лидер.
Ние секогаш ја прифаќаме улогата на идеалниот вазал“, констатира во коменатр новинарот на Бугарското национално радио Петар Волгин и потсетува:
„Во првата половина на 20 век, на Германија, потоа на Советскиот Сојуз, денес на САД или Брисел, во зависност од ситуацијата.
Затоа, сегашното достоинствено однесување на бугарските политичари во однос на македонските тврдења остава толку силен впечаток. Владејачката партија и опозицијата во моментов покажуваат завидна едногласност, согласни дека нема да дозволат с Македонија да ги започне разговорите за членство во ЕУ, доколку не запре со историските фалсификати“ – пишува новинарот според кој вербална изјава од Македонија не е доволна.
„Се разбира, вербалната македонска изјава во таква насока нема смисла. Прегратките и бакнежите меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов не функционираат.
Единствениот правилен потег е двете земји да потпишат нов договор во кој Македонија ќе се одрекне написмено од било какви претензии кон бугарската историја, територија и јазично наследство. Некој може и да извика дека ова може да го навреди достоинството на македонските браќа и дека не треба да ги угнетуваме.
Така!
А што направија Грците? Без воопшто да еремонираат, ги принудија Македонците да го сменат името на својата земја и еднаш засекогаш да се откажат од нивната многу сакана „антиквизација“, односно кражбата на грчкото историско наследство.
Нашите политичари можат да го сторат истото. Сè додека имаат желба за тоа, подучува колегата новинар.
„Јасно е дека во 2020 година не можеме да тврдиме за граѓаните на с Македонија, ниту како да се нарекуваат себеси, ниту како да го нарекуваат јазикот на кој зборуваат во моментот. Но, мора силно да се спротивставиме на какви било обиди од македонска страна да ја проектира моменталната состојба во времето пред 80, 100 или 150 години.
Едноставно затоа што тогаш немаше ниту македонска нација ниту македонски јазик.
… Да, сигурно е дека Берлин, Брисел и Вашингтон ќе ни вршат притисок и ќе нè притискаат да го заборавиме нашето минато. Но, земја што не го цени своето минато“, нема иднина“ е заклучок на коментарот.





