По сите денови на оптимизам за влез во НАТО и приближување до ЕУ главно преку регионална соработка, денеска се актуелизира изградбата на објекти за мигрантите кои ја користат македонската рута за доаѓање до Европа. Во Стратегијата и Акциониот план на Владата се предвидува за период од 10 години на мигрантите да им се обезбеди олеснета постапка за државјанство, но и сместување, домување преку изградба на згради и станови.



Со најновата стратегија на Владата, Зоран Заев од транзитна земја за мигрантите Македонија ја прави земја за трајно сместување и траен престој на голем број лица од голем број држави, порачаа од ВМРО ДПМНЕ

Премиерот Заев и министерката Мила Царовска во изјава од минатата недела дадоа јавна и силна поддршка на стратегијата и акцискиот план за мигранти, бегалци и странци за следните 10 години, но на јавната расправа заменик-министерот за труд и социјална политика, Елми Азири, не одговори колку милијарди евра од буџетот на Република Македонија ќе бидат наменети за спроведување на стратегијата, кои се проектите што ќе почнат да се реализираат во оваа и в година, како и кои ќе бидат општините во кои ќе се реализира трајното сместување на мигрантите, бегалците и странците.